Кој е Денда?

Дејан Момировски - Денда

ДЕЈАН МОМИРОВСКИ ДЕНДА е еден од најдобрите велосипедисти во Р.Македонија.
Со велосипедизам започнува да се занимава во далечната 1982г. Во 1985,1986 и 1987 станува државен првак на Македонија. Исто така победувал на многу традиционални и јубилејни трки на ниво на Македонија и бивша Југославија.

Добитник е на повеќе награди меѓу кои како позначајни се- наградата 13 Ноември, како и наградата заслужен велосипедист на векот во Р.Македонија. Во 1992г. ја отвара првата продавница и сервис за тркачки велосипеди во Македонија.

До ден денес е активен во сферата на велосипедизмот и несебично се залага за афирмација на велосипедизмот. Низ текот на годините станува застапник на повеќ светски велосипедски брендови.

Застапени брендови

Од каде да набавите пинарело велосипед?

Денда е официјален претставник за пинарело во Македонија и околните држави. Исто така кај нас можете да најдете производи од следните брендови
  • Vittoria
  • Most logo
  • shimano logo
  • SELLEITALIA LOGO
_DSC3972m
_DSC3965m
_DSC3968m
_DSC3957m
_DSC3955m
_DSC3961m

Понуда на месецот


1 / 1

Новитети

Сервис



Denda service

Велосипедите заслужуваат посебна грижа и нега. Тие треба да се сервисираат редовно за да може да функционираат совржено и да се избегне пребрзо трошење на деловите. Со ова може да се заштедст пари и да се избегнат големи сметки поради прерано истрошени делови.

Колку често треба да го сервисирам мојот велосипед?
Тоа во потполност зависи од начинот на возење и временските услови. За некој што генерално вози само во летните услови и кога е сончево во основа генерален сервис два пати годишно е сосема доволен. Но за поактивните велосипедисти понекогаш има потреба од сервисирање и 4 до 5 пати во текот на годината.

Визуелна проверка
Нудиме бесплатна визуелна проверка. Донесете го вашиот велосипед и ние ќе ви овозможиме бесплатна визуелна проверка со која може да се воочат сите потенцијални проблеми

Покрај визуелната проверка нудиме професионален сервис и располагаме со најсовремен алат за брзо и ефикасно отстранување на сите проблеми

Контакт информации